Насловна / Вести / Формирана првата регионална берза за електрична енергија ADEX

Формирана првата регионална берза за електрична енергија ADEX

Операторите на електропреносните системи во Словенија и Србија, со EPEX Spot ја покренаа првата регионална берза за електрична енергија за централна и југоисточна Европа. Основачите, словенечки ELES, „Електромрежа Србије“ (ЕМС) и Европската берза за електрична енергија  – EPEX Spot, официјално во Љубљана ја воспоставија Алпско-јадранско дунавската берза на електрична енергија ADEX, првата од тој вид за овој регион. Договорот е потпишан исто така во Љубљана.

adex11

ADEX е форирана со корпоративно спојување на словенечката безра BSP SouthPool и српската SEEPEX. Седиштето нa новоформираната компанија е во Љубљана, а постојани канцеларии има и во Љубљана и во Белград. Ќе понуди хармонизирани и единствени  (one-stop-shop) услуги на spot трговија со електрична енергија во Словенија и Србија, со амбиција своето делување да го прошири и на останатите земји од регионот на централна и југоисточна Европа. „Со формирањето на регионалната берза за електрична енергија ADEX, словенечката берза на електрична енергија BSP, која претходно работеше само на словенечкиот пазар, станува клучен играч на поширок простор. Горд сум што ELES, како целосен сопственик на BSP, успеа заедно со своите стратешки партнери да ја реализира оваа цел“, рекол Александер Мервар, генерален директор на ELES.  „Ова извонредно достигнување дополнително ќе го поттикне развојот на регионалниот пазар на електрична енергија и ќе обезбеди моќно и доверливо пазарно опкружување неопходно за сите нови инвестиции во обновливи извори на енергија и одржлива енергетска транзиција“, рекла Јелена Матејиќ, генерален директор на „Електромреже Србије“.

adex22

 

Испрати коментар

Scroll To Top