Galileo, паневропска развојна платформа за обновлива енергија со седиште во Швајцарија и италијанската Hope Group, формираа заедничка компанија за развој на офшор ветерна електрана со вкупен капацитет од 525 MW, во италијанските води на Јадранско море. Станува збор за 35 иновативни ветерни турбини во јужен Јадран во близина на Бриндизи.
Развојните активности на овој проект с езапочнати во 2020 година. Galileo има поддршка од четири силни институционални инвеститори – Infratil Limited, Commonvealth Superannuation Corporation (CSC), New Zealand Superannuation Fund (NZ Super Fund) и Morrison & Co Growth Infrastructure Fund (MGIF), кои вкупно издвоиле 220 милиони евра за инвестиции во обновливи извори на енергија ширум Европа. Италијанската Hope Group е нова компанија во секторот за обновливи извори на енергија, но веќе има развиено портфолио од над 3GW во ветерни електрани на копно, на море и соларни електрани, особено агросоларни постројки и соларни постројки на поранешни каменоломи.