Британскиот дизајнер Samuel Ross позајмил трагови од бруталистичката архитектура кога ја создал Formation 02, интензивно портокалова паметна тоалет шоља направена за брендот за бањи Kohler.
Дебитирајќи на неделата на дизајн во Милано, Formation 02 е првиот тоалет дизајниран од Ross за Kohler.
Асиметричната портокалова структура е направена од композитна смола и е дефинирана со острите агли на бруталистичката архитектура.
„Црпејќи инспирација од брзината и моќта на водата во природата, Formation 02 претставува радикален пристап кон дизајнерскиот јазик во оваа бруталистичка силуета“, велат од Kohler.
Иако е скулптурална форма, функционалниот тоалет вклучува неколку интегрирани технологии, вклучувајќи загреано седиште, ноќно светло и далечински управувач со екран на допир за отворање и испирање на тоалетот, како и негово чистење.
Ross избрал впечатливата портокалова нијанса во знак на почит на бојата на Tiger Lily на Kohler од 1967 година, што дебитирала во линијата за бања на брендот.
Паметниот тоалет е најновиот дизајн на Ross за Koher, комплетиран во неговото студио за индустриски дизајн SR_A.