Производителот на автмобили „Форд“ планира да произведува пластични материјали од остатоците од домати. Овој проект го планира во соработка со компанијата за производство на кечап „Heinz“, односно ќе се користат сувите лушпи кои остануваат како отпад од производството на кечап.
Се работи за пластика добиена на база на билки, наместо на нафтени деривати, а со тоа значително ќе се намали негативното влијание врз животната средина. Поради непривлечноста на надворешниот изглед, планирано е овие материјали да се поставуваат во скриените делови од автомобилите, но целта на проектот е во иднина да се поработи и на изгледот. „Форд“ веќе две години соработува со компаниите Heinz, Coca-Cola, Nike и Procter and Gamble во областа на развој на пластична маса од растително потекло.