Од Ford стигнаа најави дека новиот Bronco би можел да се појави и на европскиот пазар. Ford во јули 2020 година, го врати во живот познатото име од својата историја. Bronco е едно од најпознатите имиња во историјата на американската автомобилска индустрија, a најпрепознатлива е неговата прва генерација која се произведувала во шеесетите и седумдесетите години на 20-тиот век, на чиј дизајн се надоврзува и новиот модел. Ford Europe го најавува потенцијалното доаѓање на Bronco моделот во Европа, по цена од 30.000 евра, бидејќи се смета дека би имал одлични резултати. Новиот Bronco се враќа на сцена во традиционалната верзија со две врати, во која се произведувал од своите почетоци пред повеќе од половина век, но и во попрактичната и покомфорна варијанта со 4 врати. Освен овие две опции, на купувачите ќе им бидат на располагање и покомпактниот и поурбан Bronco Sport, исто така со 4 врати. За погон на современите верзии на моделот Bronco, Ford избрал два мотори. Основната варијанта е погонувана од 4 цилиндарски, 2,3 литарски EcoBoost со 270hp и 420 Nm, а на располагање е и 2.7 V6 со 310 hp и 542 Nm, максимален вртежен момент.