Насловна / Вести / Фондот за Западен Балкан даде милион евра за првиот километар на автопатот Ниш – Приштина

Фондот за Западен Балкан даде милион евра за првиот километар на автопатот Ниш – Приштина

avtopat albania-kosovo
Фондот за Западен Балкан, кој што го формираа Европската банка за обнова и развој и Германската развојна банка KFW, за финансирање на инфраструктурата, одобри 900.000 евра за првиот од 120-те километри на автопатот Ниш-Приштина, пренесува агенцијата Фонет, повикувајќи се на „Курир“.

Ова е првиот сигнал кој покажува дека проектите, кои неодамна ги претстави српскиот премиер Александар Вучиќ во Берлин, имаат поддршка и од меѓународните финансиски институции.

– Ова е многу добар знак, бидејќи е очигледно дека проектот за тој автопат наидува и на политичка, но и економска поддршка, пред се од Германија. Ова, со оглед на тоа дека цената за изградба на еден километар од еден милион евра, е можеби мала сума, има голема симболика, бидејќи парите доаѓаатод фондови кои ги полни Германија, вели соговорник за весникот од Фон дот за Западен Балкан. Тој додава дека треба да се знае дека тоа е резултат на одлично подготвената документација и проекти од тимот на Министерството за градежништво и сообраќај и „Путеви Србије“, кои стручно го поддржаа значењето на овој проект.

Во Министерството за градежниуштво и сообараќај на Србија не сакаат да изнесуваат детали, но велат дека станува збор за пари до биени од Фондот за изработка на Главниот проект за делницата од автопатоѕт од Доњевац- Мердаре во должина од 80 километри.

 

Испрати коментар

Scroll To Top