Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик за избор на стручни лица за оценување предлог-проекти во рамки на Столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.
Вклучувањето на стручните лица во оценувањето на пристигнатите предлог-проекти е со цел обезбедување транспарентност и стручност и претставува новина во однос на работењето на службите на јавната администрација.
Стручните лица ќе бидат ангажирани на професионална основа, со точно одредени услови, рокови за исполнување на зададените задолженија, како и право на финансиска надомест преку потпишување договор за соработка со Фондот.
Избраните стручни лица ќе оценуваат предлог-проекти од новоосновани компании (старт-ап), микро, мали и средни претпријатија, во согласност со правилниците за сите инструменти за финансиска поддршка што ги спроведува оваа институција, а нивните имиња ќе бидат внесени во Регистар на стручни лица и ќе бидат јавно достапни на интернет страницата на ова владино тело. Повеќе детали за начинот и условите на аплицирање може да погледнете ОВДЕ.