Насловна / Архитектура / Фондацијата Заха Хадид почнува да гради музеј, галерија и истражувачки центар

Фондацијата Заха Хадид почнува да гради музеј, галерија и истражувачки центар

По долгогодишно одложување, конечно ќе биде реализиран проектот за изградба на музеј, галерија и истражувачки центар со кој ќе се оддаде почит на познатата архитектка, дизајнерка и уметница Заха Хадид.

4_resize

Објектите всушност ќе бидат раздвоени на две локации, од кои едната е на поранешното место на Музејот за дизајн во лондонската улица Шед Тајмс, додека другата е во улицата Боулинг Грин Лејн во квартот Кларкенвел, каде што до минатата година се неоѓше седиштето на Заха Хадид Архитектс.

Фондацијата Заха Хадид во склоп на проектот ќе изложи колекција од 10.000 дела во различни видови медиуми, а кои секако се поврзани со Заха Хадид.

1_resize

Фондацијата моментално ја врши првата фаза од стратешкото планирање и е во процес на развој на своите објекти, каталогизација на својата колекцијата, како и организирање на првите јавни програми и стипендии, пишува DesignBoom.

Според официјалното соопштение, објектите и збирките на ЗХФ ќе бидат јавно достапни и физички и дигитално преку нивната веб-страница и онлајн базата на податоци. Исто така, ќе бидат јавно достапни и истражувачките и едукативните програми.

„ЗХФ има за цел да ја олесни работата на архитектите, дизајнерите, уметниците, научниците, но и пошироката јавност, со цел да се унапреди знаењето во креативниот сектор. Креативната соработка со други организации е суштински дел од мисијата на ЗХФ“, се вели во соопштението.

2_resize

Астана ЕКСПО 2017

Фондацијата Заха Хадид е, се додава, посветена на работата и уметничкото наследство на Заха, како и на унапредувањето на истражувањето и образованието во сегментите поврзани со овие области, како и архитектурата, дизајнот и сродните дисциплини кои го одразуваат нејзиниот креативен дух.

„Дел од мисијата на ЗХФ е да ги унапреди истражувањата на Заха Хадид, нејзиното наследство и модерната архитектура и дизајн воопшто“, велат од Фондацијата.

3_resize

Alphadomea во Сеул

Намерата на ЗХФ е, како што се посочува, да поддржи истражувања поврзани со праксата во архитектурата и дизајнот, како и студии кои ќе придонесат за подобрување на физичкото и културно опкружување.

„До крајот на првата развојна фаза, ќе поддржиме нови стипендии преку нашите програми за финансирање, но и така што нашите архиви и збирки ќе бидат целосно достапни. ЗХФ ќе работи во соработка со други истражувачки организации, вклучително академски и музејски, како и со партнерите за методите на финансирање на истражувањето, а се со цел поддршка на мисијата“, се наведува во соопштението.

Испрати коментар

Scroll To Top