Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, во соработка со организацијата Serbia organica, реализира проект за поставување на органски бавчи во градинките во Србија. Во рамките на проектот „Азбука на добри навики“, во овие бавчи децата се запознаваат со природните процеси и учествуваат во работењето на бавчите под надзор на воспитувачите и стручњаците од Serbia Organica. „Азбука на добри навики“ е пилот програма за едукација и практично усвојување на добри навики во исхраната кај децата од претшколска возраст. Целта на проектот е поддршка на напорите на институциите токму градинките да бидат првите скалила за учење на здрави навики кај децата.