Истрагата предизвикана од скандалот на „Фолксваген“ со прикривањето на реалните нивоа на емисии на штетни гасови, откри нерегуларности кај уште 15 автомобилски брендови. Покрај германските производители: VW, Audi, Mercedes, Opel и Porsche, како и францускиот Renault, нерегуларности се пронајдени и кај: Alfa Romeo, Chevrolet, Dacia, Fiat, Hyundai, Jaguar, Jeep, Land Rover, Nissan и Suzuki.
Како резултат на ова „прелевање“ на скандалот со „Фолксваген“ и на други производители, водечките германски производители на автомобили договориле повлекување на 630.000 автомобили со цел да се решат проблемите со дизел моторите поврзани со високото ниво на емисии на штетни материи.
Интересно е да се нагласи дека BMW не се најде меѓу „спорните“ брендови.
bmw e bmw segasnite mercedesi samo za znakot zima pari ne e tva kako sto bese navremeto