Насловна / Екологија / „Фолксваген“ лансира над 20 модели на електрични возила во Кина

„Фолксваген“ лансира над 20 модели на електрични возила во Кина

Volksvagen

Групацијата „Фолксваген“ соопшти дека во наредните неколку години на кинескиот пазар ќе лансира над 20 хибридни и електрични возила. Во екот на огромното загадување на воздухот и пренаселеноста, Кина се труди што повеќе да ги промовира електричните автомобили, а планот е до 2020 година на патиштата да има пет милиони еколошки возила. Но, освен продажбата, групацијата планира некои од моделите и да ги произведува во Кина. Оваа најва е само дел од планот за зголемување на продажбата на електричните возила во Кина бидејќи „Фолксваген“ на ова поле заостанува зад BMW, Tesla и Nisan.

 

Испрати коментар

Scroll To Top