Насловна / Архитектура / Фокус кон пејзажот

Фокус кон пејзажот

фокус кон пејзажот05Објектот дизајниран од шпанското архитектонско студио 05 AM Arquitectura, е сместен на долга и тесна парцела во границите на градската четврт Casavells. Поради првобитната руинирана состојба на објектот, архитектите предложиле да се задржи само камената фасада, ориентирана кон уличниот фронт.

фокус кон пејзажот01фокус кон пејзажот02На јужната фасада пак, урбаниот контекст исчезнува, така што се отвораат неограничени визури, потенцирајќи ја хоризонталата на пејзажот.

Во оваа зона од објектот волуменот е накосен, дефинирајќи хоризонтални тераси во резонанца на пејзажното опкружување, обезбедувајќи отвори кои ги впиваат природното осветлување и пејзажот.

фокус кон пејзажот03Подрумскиот простор пак, се одликува со спацијален карактер на начин да се адаптира на потребната просторна организација, вклуќувајќи го главниот влезен пристап во објектот и гаражниот простор во задната зона на објектот.  Гаражниот протстор претставува еден вид на транзитна зона помеѓу останатите сегменти од ентериерното уредување и градината, кои имаат можност за мултифункционално користење.

фокус кон пејзажотЦентралниот дел на приземјето, дефинирано како единствен, оттворен простор,  е позициониран така да од подрумскиот простор се обезбедат непречени визуелни погледи и непречен пристап кон било кој сегмент од просторната организација. Скалестата организација на просторот ја потенцира континуираната динамика на движење низ корисните површини, истовремено задржувајќи ја флуидноста на погледи од уличниоот фронт кон хоризонталниот пејзаж, врамен во задната зона.фокус кон пејзажот04

Испрати коментар

Scroll To Top