Американската компанија за изнајмување возила Hertz и шведскиот производител на електрични автомобили Polestar најавија глобално партнерство кое вклучува купување на 65.000 електрични возила во текот на пет години. Тие возила ќе можат да се изнајмуваат во Европа веќе оваа пролет. Во САД и Австралија нивната достапност се очекува кон крајот на оваа година.
И од двете компании истакнуваат дека со ова партнерство ќе се придонесе во глобалниот премин кон електромобилност со иновативно портфолио на производи, а особено се гордеат на фактот што преку овој систем многумина за прв пат ќе имаат можност да возат електричен автоомобил. За Hertz, овој бизнис потфат е драматична транзиција кон еколошки одговорна компанија.