Насловна / Вести / Флорида пушта 750 милиони генетски модификувани комарци

Флорида пушта 750 милиони генетски модификувани комарци

Планот да се ослободат повеќе од 750 генетски модификувани комараци на Флорида 2021. и 2022. Година, доби конечно одобрување од властите и покрај острото спротиставување на локалното население и коалицијата за заштита на животната средина.

Одобрен од страна на државната Агенција за заштита на животната средина во мај, проектот треба да тестира вид генетски модификyван комарец, кој би бил алтернатива на прскање големи количини инсектициди.

1_resize

Видот комарци aedes aegypti кој живее и се размножува на Флориди, шири неколику смртоносни болести, како зика, денге и жолта грозница.

Компанијата „Окситек“во 2012. година развила мажјак наречен OX513A, „програмиран“ да умре пред да достигне зрелост, освен ако се развива во средина и вода која содржи антибиотик тетрациклин.

На одреден број OX513A ќе се овозможи да живее и размножува со женки, но нивното потомство исто така ќе наследи „програм“ за рано умирање, што ќе ја ограничи популацијата.

Новиот генетски модификуван мажјак OX5034, кој ќе биде ослободен, изменет е така што од јајцата кои ќе ги оплоди, женките ќе изумрат во фаза на ларви, пред да се излегнат и нараснат доволно за да се хранат со крв и шират болести.

Само женките се хранат со крв, која им е потребан за да се развијат јајца. Мажјаците се хранат со нектар и не пренесуваат болести.

2_resize

Експеримент како „Парк од времето на јура“

Сепак бројни организации се противат на овој потег.

„Покрај сите ургентни кризи со кои се соочуваме – пандемијата од ковид 19, расна нееднаквост, климатски промени – администрацијата одлучила да користи пари на даночните обврзници и ресурси на експеримент кој потсетува на Парк од времето на јура“, вели Џејди Хенсон, директорка на Меѓународниот центар за технолошки проценки и безбедност на храна.

3_resize

„Сега и регионот Монро даде конечно одобрување. Што би можело да тргне на лошо? Не знаеме, бидејќи Агенцијата за заштита на животната средина незаконски одби сериозно да ги анализира разликите по природата“, истакнува  Хенсон.

Освен на Флорида, генетски модификувани комарци ќе бидат ослободени со истата цел во Херис, регион на Тексас.

Испрати коментар

Scroll To Top