Насловна / Вести / Флорида донесе закон за забрана на социјалните мрежи за деца до 16 години

Флорида донесе закон за забрана на социјалните мрежи за деца до 16 години

Парламентот на Флорида кој е под републиканска контрола, донел закон за забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години, што е потег за кој приврзаниците тврдат дека ќе ги заштити малолетниците од онлајн ризици за нивното ментално здравје. Мерката која сега оди на одобрување кај гувернерот, бара од социјалните мрежи да ги укинат акаунтите на сите под наведената возраст. Првирзаниците на овој закон уверуваат дека на овој начин ќе се заштитат децата од негативните влијанија на социјалните мрежи како анксиозност, депресија и други ментални нарушувања. Од друга страна, критичарите велат дека законот го крши првиот амандман на американскиот устав кој гарантира слобода на говор. Во март 2023 година, Јута стана првата сојузна држава која ги усвои законите за пристап на деца до социјалните мрежи, а потпа се приклучија и Арканзас, Луизијана, Охајо и Тексас. Бројни други сојузни држави размислуваат за слични мерки.

florida

Испрати коментар

Scroll To Top