Насловна / Вести / Флексибилни улици и лебдечка градина за заживување на брегот во Лугано

Флексибилни улици и лебдечка градина за заживување на брегот во Лугано

Презентиран е технолошки паметен план за подобро поврзување на швајцарскиот град Лугано со езерото со исто име. Врз основа на студиите за мобилност и податоците за сообраќајот, предложено е да се обнови брегот со воведување „динамични“ јавни места кои можат да зафаќаат делови од улиците. Улиците потоа би се прилагодиле и би имале нула, една или две ленти во различни периоди од денот.

Lugano

Овој нов адаптибилен уличен систем ќе биде комбиниран со паметни сигнали и инфраструктура за производство на обновлива енергија за да се овозможи позелена и повеќе еколошка пешачка околина. Предложеното решение беше дизајнирано од Carlo Ratti Associati (CRA) и Mobility in Chain (MiC).

Во моментов, Лугано „страда“ од исклучување со езерото поради автопат покрај крајбрежјето. За визуелно и физички да им овозможат на пешаците подобра поврзаност со езерото, архитектите предлагаат ремонт на овој главен автопат, со додавање на динамичен сообраќаен систем кој може да ги претвори деловите од улицата во пешачки јавни места како игралишта, спортски терени, социјални области и сл. Од друга страна, проектот има за цел да ја зачува историската вредност на езерскиот брег дизајниран од Паскале Лучини во 1863 година.

Lugano1

Архитектите исто така предложија лебдечки, ротирачки остров на езерото до кој може да се стигне преку серија плочи. Пловечкиот остров, кој ќе биде достапен за јавноста, ќе опфати градина за биолошка разновидност и автохтона флора на езерото Лугано. Динамичното крајбрежје вклучува и паметни знаци, технологија за обновлива енергија и голем број сообраќајни центри кои овозможуваат полесно комбинирање на различни начини на транспорт.

Марко Борадори, градоначалник на Лугано рече дека градот е посветен на редизајн на предниот дел на езерото и центарот на градот за идните граѓани и дека фокусот е ставен на динамичните јавни простори, развојот на зелениот простор, улогата на водата во градскиот живот, влијанието на пејзажот. Тој исто така изјави дека тие ги дефинирале визијата и целите, но ги идентификуваше иновациите како една од клучните точки на урбаниот развој. Тој сега се надева дека визијата наскоро ќе има форма на реализиран проект.

Lugano2

Испрати коментар

Scroll To Top