Со инвестирање на шведската компанија IKEA во Design LED Products, Ikea е на добар пат да ја оствари својата цел – до септември 2015-та, сето осветление во нивната понуда треба да биде LED.
Флексибилните плочи од LED се иновативен материјал кој ќе најде широка примена во домаќинството. Не само што ќе можат да се користат за индиректно осветлување на материјалите туку овие плочи ќе можат да се аплицираат и на делови од мебел или, уште поинтересно, на ламби кои нема да мораат да имаат сијалица.
LED светлата, поставени помеѓу два реда на транспарентен филм, овозможуваат беспрекорна работа и кога плочата ќе се свитка.
LED светлата не само што трошат 20 пати помалку електрична енергија од обичните светилки, туку емитуваат и многу помалку топлина. Затоа LED светлата овозможуваат близок допир со останатите материјали. Плочите може да се изработат во ширина од еден метар, а притоа можат да генерираат и до 20.000 лумени светлина на квадратен метар.