Новата фотелја дизајнирана од Jonathan Olivares плени со својата едноставност и докажува дека геометријата е вечна инспирација на дизајнерите.
Ова удобно парче мебел ја преработува геометријата на квадратот преку разновидни, флексибилни и суштински форми. Замислена како мало седиште совршено за опремување на јавни простори, оваа квадратна фотелја е прилично прилагодлива и може да се користи речиси секаде: во канцелариите, дневната соба, па дури и во спалната соба каде што може да стане интересен акцентен детал.
Својата формална форма фотелјата ја изведува од основна квадратна единица која ја формира нејзината основа обложена со текстил. Но, ако погледнете малку подобро, ќе сфатите дека ова парче мебел е квадрат и на микро и на макро ниво. Покрај тоа, бидејќи текстилот е еден од најфлексибилните материјали, седиштето е замислено како екстремно прилагодлив предмет што може лесно да се преместува со цел да се реорганизира било кој простор.
Комбинирајќи ја удобноста со флексибилноста на користењето, фотелјата овозможува слободна и неформална употреба каде и да се наоѓа. Нејзиниот наслон на пример, може да се користи како седиште за одмор, но и како дополнителна работна површина на која можете да го поставите вашиот лаптоп. Исто така, можете да седите на нејзе во речиси сите положби.
Фотелјата е достапна во верзија со едно или две седишта. Во јавните и работните средини, комбинацијата на овие две варијанти може да создаде динамични просторни аранжмани кои повикуваат на дружење и соработка.