Насловна / Вести / Физибилити студија за пречистелна станица за Вардар

Физибилити студија за пречистелна станица за Вардар

vardar

Со донација од Француската влада во висина од 726.000 евра, во моментов се прави физибилити студија која треба да понуди решенија како во реката Вардар да не се влеваат фекалии, пишува „Вест“.

Ќе се гради пречистителна станица за третман на отпадните води, кои сега се влеваат во реката Вардар. Со физибилити студијата ќе се понуди локација за изградба на пречистителна станица која, најверојатно, ќе биде во населеното место Трубарево.

Во Скопје сè уште не постои централна пречистителна станица, во која би се пречистувале отпадните води, пред да се влеат во Вардар. Поради тоа во Вардар секојдневно се влеваат фекалии, поради што реката е бактериолошки во 4. класа, а физичко-хемиски во 4. и 5-та класа.

Испрати коментар

Scroll To Top