Насловна / Вести / Фитнес-столовите овозможуваат да седите, а притоа да се здобивате со здравствени бенефити

Фитнес-столовите овозможуваат да седите, а притоа да се здобивате со здравствени бенефити

Многу долго и детално истражував за здрав начин на живеење, а деценискиот труд го крунисав со објавување на книгата „Првата биорегулација“. За жал, поради обемот на материјата, во книгата сосем малку спомнувам за еден скриен, подмолен, моќен и сеприсутен извор на болести – статичното седење. Овој проблем е мошне застапен во сите општества, па така уште од мали децата ги тераме да седат мирни, и никој сериозно не одлучил да ги заштити луѓето од последици предизвикани од предолго, стационарно седење.

2._resize

Човекот едноставно не е создаден да седи физички пасивен. Аргументи за ова има многу, од историски, прехранбени, структурни, физиолошки, анатомски, социјални и други аспекти. Пријатно е чувството да се испружиш на фотелја и опуштиш, секако дека е и добредојдено, но тоа е дозволено само за некој кој активно го поминал денот, се уморил и сега за обнова на организмот секако треба малку да мирува и одмора. Проклетството започнува под превезот на таканаречената благородната мисија „Образование за секое дете“, зад која се крие режим на оддалечување на луѓето од природата. Пет часа да се седи „мирен“ во клупа и гледа во табла,  секако не е добро за децата, а им го правиме, си го правиме и себеси.

БЕЗ СТРАДАЊЕ ОД ПРЕКУМЕРНО СЕДЕЊЕ

Живееме во ерата на компјутери, смарт телефони, и постојано седење во училници, дома и на работа, затоа размислував да најдам начин како телото да го одржиме во потребната форма. Час или два фитнес по работа не може да надомести осум часа седење, мораше да се најде начин да ги вршиме секојдневните обврски и притоа телото да се движи, така се изнедрија моите фитнес-столови. Проблемот на прекумерно седење им е познат на многу истражувачи, измислувани се многу столови, вежби во канцеларија, фитнеси, масери, топка за седење, но сите тие не обрнале внимание на некои фактори што јас ги земав предвид. Додека седиме на стол треба да сме подвижни, но едновремено опуштени и работоспособни, да се чувствуваме добро и сигурно. Така, седењето на топката падна на испит, се движи во сите правци и нема ограничувања, а луѓето внимаваат да не паднат и седат згрчени на неа, што секако не е решение. Моите столови стојат на две точки и спонатно, додека со нозете се држи рамнотежа, сите мускули работат симултано и лежерно. Овие столови не се справа за фитнес-салите, туку се наменети за целодневна употреба во социјални места, на работа, училиште, дома и во локали, што значи дека може да се користат наместо досегашните столови за седење.

20170525_063518_resize

слика 1

Во еден период го направив моето бирото така, и стоев пред компјутерот, но долгото стоење во место исто така е неприродно за човекот и има свои неповолности ако се практикува постојано. Фитнес-столовите овозможуваат да си ја вршите работата седејќи, на биро и/или пред компјутер, а притоа да се здобивате со здравствени бенефити. Фитнес-столовите го решаваат проблемот како да бидеме функционални на работа или училиште, без страдање од прекумерното седење.

ПРВИОТ ПРИМЕРОК

Првиот примерок на овие столови е направен пред неколку години, едноставен е и има можност да се подесува висината, но го направив претежок, едноставно го предимензионирав. Заштитен е како патент и дизајн, доби награда за „Дизајн на годината“ во 2018 година од Државниот завод за индустриска сопственост, но јас лично не бев задоволен, меѓу другото и затоа што столот не можеше сам да стои исправено. Кога ќе станев од него мораше да го потпрам на ѕид. Затоа решив да продолжам да го усовршувам, му направам „крилца“, мали подвижни ногари кои немаат функција додека се седи, а го држат столот исправен кога е празен. Потоа забележав дека луѓе во поодминати години помалку се плашеа да седат на него, а тоа не беше целта. Продолжив да го развивам фитнес-столот  на две подвижни точки или со  „лак во основата“, што на повозрасните им даваше поголема сигурност, а ја вршеше истата функција. На мое изненадување, луѓето повеќе го сакат овој стол, особено кога го надополнив дизајнот со амортизер и со седиште што ротира. Овој модел се произведува во „Софа студио“ од Скопје и фитнес-столовите  продолжија да освојуваат медали и признанија на многу меѓународни саеми на патенти и изложби.

Untitled-1_resize

Basic 

Столовите сега се како коклица или табуретка што стои на две точки, и додека седите на вашето работно место воедно ги користите мускулите и благо се движите како да одите, со тоа што тука правите движења и со горниот дел на телото. Активни се на некој начин и центарот за рамнотежа, рацете, горните и внатрешните мускули и органи. Додека оној кој седи го држи столот исправено, исправен е и тој самиот, па така седењето е во правилна положба на грбот, а истовремено и со благи, многу поволни движења. За здравје и вита става најдобро е дел од работата да е со движења, но доколку работата е стационирана, тогаш подобро е да се седи на фитнес-столот пред бирото повеќе од пола работно време, до три четвртини. Овој ист стол, за некои работи, е подобар од одење и вежбање. Мозокот има забавна активност, настанува и хормонален баланс, така човекот е дефокусиран од „црни“ мисли и се смирува. Во комбинација со правилна исхрана лесно се доведувате и одржувате во добра форма.  Како што на велосипед не можете да бидете тажен, исто е чувството и на овие столови. Столовите се практични, не зафаќаат место и се украс за секој простор. Се работи за едноставен производ, лесен за употреба, без одржување и многу битен фактор за здравјето и расположението.

ТЕХНИЧКИ РЕШЕНИЈА

Фитнес-столовите се решение кое овозможува да се седи и работата непречено да се извршува, а притоа да се прави фитнес. Може да се направат неколку варијанти: со тркалца, потпирач или специјално анатомско/ергономско седиште. Развиени се три концепта: Basic, Classic и Rocking.

Патентот Basic (слика 1) е стол кој стои на две точки. Растојанието помеѓу точките ја дава стабилноста околу попречната оска, по која не е предвидено столот слободно да се движи. Тоа растојание се движи од 18 до 26 см.

Концептот Classic e надградба на Basic, има крилца, флексибилно поврзани,  што го држат столчето исправено додека никој не седи на него. (слика 2) Додека се седи, крилцата немаат функција.

krila_resize

Classic 

288295851_509018090977037_5809636928318038282_n_resize

слика 3

Двете точки може да бидат подвижни кога столчето стои на лак од кружница со радиус од 65 см. Овој концепт е познат како Rocking (слика 3), но ако се додаде слобода на вртење околу вертикалната оска станува и Twisting. Радиусот ако се зголеми, столчето е постабилно и обратно, ако се намали столчето е понестабилно. Големината на лаковите и нивното меѓусебно растојание се движи од 20 до 28 см. Големината не влијае многу на функцијата на лаковите и дава потребни ограничувања на движењето.  Кога не се седи столчето стои стабилно, кога ќе се седне  е лабилно. Rocking and Twisting фитнес-столовите станаа омилени кај корисниците. (слика 4)

288429140_491050829444400_6321255018889906081_n_resize

rock_resize

Rocking and Twisting

Експериментално по нарачка направивме еден примеок да стои на една подвижна точка, односно на сфера, ја нареков Teeter (слика 5), направен е од кожа, испадна преубав, но се појави мал недостаток. Бидејќи седиштето ротира, под голем агол, сферата долу почнуваше да се врти, во ваков случај, овие столови ќе се прават со амортизер кој не ротира, односно без Twisting.

коза_resize

слика 5

Висината на моите столчиња е како на вообичаените столови од 38 до 52 см, зависно од нарачката и каков амортизер се користи. Амортизерот е ставен во метална чаура и горе има пиастра на која е прицврстено седиштето. Наместо сунѓер има специјална пена за седишта и можност да биде обложена со платно или кожа. Со дијаметарот на седиштето, обликот и „сунѓерот“ сѐ уште правам експерименти. Амортизерот долу е прицврстен на дрвено подножје од шперплоча, развојно може да биде лиено од пластика или метал. Седиштето е кружно со дијаметар околу 32 см, а кај базичниот модел е како на моторцикл, се седи како да се јава на него.

Развојно фантазијата ми е многу богата. Колку модели столови има сега, толку модели фитнес- столчиња може да се направат за секаква намена и за сечиј вкус.

Saem 2018_resize

ЗДРАВСТВЕНИ БЕНЕФИТИ ОД КОРИСТЕЊЕТО „ФИТНЕС-СТОЛОВИ“

Не можете да ги прекрстите нозете и со тоа да го попречувате крвотокот и лимфниот систем. Фитнес-столовите автоматски ве носат во положба да се седи исправено со благи движења околу половината со многу комотно и пријатно чувство. Ги подобруваат вниманието, сосредоточеноста, концентрацијата и менталното присуство, сега и овде на местото каде се наоѓаме. Интересно е, го подобруваат расположението. Луѓето имаат можност преку забава да работат и фитнес да се развиваат. Овозможуваат физички активности во работно време и останува повеќе слободно време за љубов. Нѐ тераат повремено да станеме, прошетаме, се протегнеме, да одмориме очи од компјутерот и да го релаксираме мозокот од работата. По ваков активен, интересен и фитнес ден, подобро се спие.

Системот за заштита при работа речиси не ги третира работниците во канцелариите кои постојано седат пред монитор или на биро, сметајќи дека за нив нема опасности по здравјето. Искуството покажува дека токму овие канцелариски работници најмногу страдаат и боледуваат.

Автор: Влатко ПОПОВСКИ

Испрати коментар

Scroll To Top