Насловна / Вести / Финскиот стартап Polar Night Energy, ќе ја изгради најголемата песочна батерија за складирање на топлинска енергија

Финскиот стартап Polar Night Energy, ќе ја изгради најголемата песочна батерија за складирање на топлинска енергија

Polar Night Energy склучи договор со топланата Loviisan Lämpö, за изградба на систем за складирање на топлинска енергија во една општина во близина на Хелсинки. Овој стартап го користи песокот како материјал за складирање на вишокот на произведена енергија од обновливи извори како Сонце и ветер. Батеријата акумулира топлина, која може да се користи за греење во домаќинствата и во индустријата. Системот за складирање има капацитет од 100MW топлинска енергија.

1_53

Системот ќе овозможи постепено напуштање на користењето на фосилни горива за греење, што ќе резултира во намалување на емисиите за околу 70%. Изградбата и тестирањето на батеријата ќе трае околу 13 месеци. батеријата која е развиена од страна на Polar Night Energy, всушност е силос исполнет со песок. Работи така што електрчната енергија која претходно е добиена од обновливите извори, преку грејач генерира топлинска енергија што се пренесува на песокот. Тој се загрева до 500 – 600 степени Целзиусови, и таа топлина ја задржува. Топлината која може да се задржи до употребливо температурно ниво дури неколку месеци, ќе се користи за системот за далечинско греење и за загревање на локалниот базен.

1_54

 

Испрати коментар

Scroll To Top