Финското преставување на 16-тото Венециско Биенале, одговара на темата “Freespace” преку трансформирање на павилјонот од Alvar Aaalto во привремена библиотека. Изложбата го истражува всушност развојот на архитектурата на библиотеките во Финска и претпоставува можни правци на развој во иднина. Ако се анализираат новите трендови во оваа област во Финска, тогаш главно место зазема новата Централна Библиотека на Хелсинки, проектирана од страна на ALA Architechts, која треба да биде отворена во декември 2018. И денес, во модерното општество на Финска, библиотеката е еден од главните столбови, низ кој се рефлектираат суштинските вредности на образованието, но и социјалната интеракција. Модерните објекти на библиотеките нудат многу повеќе од читање книги – тие нудат еден совршено интегриран концепт кој вклучува и учење но и дијалог, во мирен и релаксирачки амбиент.