Насловна / Вести / Финска: Започна со работа најголемиот нуклеарен реактор во Европа

Финска: Започна со работа најголемиот нуклеарен реактор во Европа

Само неколку часа откако Германија ја заврши својата атомска ера со исклучување на последните три нуклеарни рекатори, најголемиот реактор во Европа е пуштен во погон во Финска. Се очекува Olkiluoto 3, кој сега произведува околу 14% од електричната енергија во Финска, да остане оперативен „барем во следните 60 години“.  Инвестицијата чини 11 милијарди евра.

finland1

Новиот реактор е пуштен во погон после 18 години од почетокот на изградбата, односно 14 години од првобитниот рок за почеток на комерцијално производство. Изграден е од страна на конзорциумот Areva-Siemens, на чело со Французите, а пробното производство започнато е во март минатата година.  Со инсталиран капацитет од 1.600MW, тоа е најголемиот поединечен реактор во Европа, додека украинската електрана „Запоројже“ со своите шест реактори е најголемата нуклеарна електрана во Европа. Анкетата спроведена во Финска во мај 2022 година, покажала дека 60% од граѓаните ја поддржуваат нуклеарната енергија.

finland2

 

Испрати коментар

Scroll To Top