Насловна / Вести / Финска компанија гради прототип на систем за далечинско греење на нуклеарен погон

Финска компанија гради прототип на систем за далечинско греење на нуклеарен погон

Steady Energy планира најдоцна до 2030 година да изгради топлана која ја покренува мал нуклеарен реактор LDR-50. Погонот треба да работи ефикасно, безбедно и без емисии на јаглерод диоксид, на значително пониска температура и притисок од традиционалните реактори. Компанијата обезбедила два милиони евра за почетно финансирање на проектот за далечинско греење од мал модуларен реактор (SMR), со капацитет од 50MW за топлинска енергија.

vvt1

Steady Energy има намера да искористи средства за истражувања и развој и демонстрација на функционалноста на ваквата топлана со помош на пробна постројка. Притисокот на кој ќе работи LDR-50 ќе биде понизок од оној во мрежата за далечинско греење, па евентуален дефект или течење ќе биде ограничено на топланата, без загрозување на луѓето и околината. Моделот е во развој од 2020 година, во државниот фински центар за технички истражувања VTT. Steady Energy е издвоен во посебен деловен потфат. Реакторот е замислен да работи на околу 150 степени Целзиусови и под 10 бари. Тие услови се помалку захтевни во споредба со класичните реактори, па затоа е многу поедноставно да се развијат технички решенија за исполнување на високите безбедносни стандарди на нуклеарната индустрија. LDR-50 е со големина колку еден автобус. Едно полнење трае околу две години, а животниот век околу 60 години. Во компанијата напоменуваат дека иновативната технологија за предложениот реактор е патентирана во 2021 година. Steady Energy истакнува дека планира комерцијалните модели да ги прилагоди на потребите на корисниците. Компанијата работи на прототип во Финска, но долгорочниот план е постројките да се инсталираат ширум светот. Топланата ќе може да послужи и за десалинизација на водата, а може и да се модофицира за производство на пареа. Една топлана може да се состои од повеќе SMR единици.

vvt2

 

Во ЕУ постојат околу 3.500 системи за далечинско греење кои снабдуваат околу 60 милиони луѓе. Половината од топлинската енергија за греење која ја испорачуваат овие системи се произведува од фосилни горива.

vvt3

 

Испрати коментар

Scroll To Top