Насловна / Вести / Финска ја гради првата фабрика за одржливи авио горива

Финска ја гради првата фабрика за одржливи авио горива

На северот на Финска ќе биде изградена фабрика за производство на водород и синтетички горива со годишен капацитет на производство од 80.000 тони. Тоа е воедно и прва фабрика во Финска за производство на SAF (sustainable aviation fuel). Проценетата вредност на проектот изнесува 1,4 милијарди евра, а се очекува да создаде 250 нови работни места. Двогодишниот договор за соработка го потпишале француската компанија Verso Energy и Град Оулу. Потпишувањето на договорот за соработка значи дека Град Оулу ќе продолжи со планирањето на индустриска зона за зелена транзиција во пристанишната област Оулу.  Соработката исто така го јакне и статусот на Градот Оулу како клучен центар за водород во нордиските земји. Фабриката за рафинирање на водород ќе биде најголема од таков вид во Финска.

Производството на синтетичките горива на компанијата Verso Energy се базира на производство на обновлив водород на лице место, како и биоген јаглерод диоксид кој се собира од фабриката за целулоза и хартија во близина на локацијата. Договорот за соработка помеѓуи Verso Energy и Град Оулу е потпишан на годишниот Northern Power деловен форум, кој собрал околу 450 стручњаци од индустријата за водород.

Испрати коментар

Scroll To Top