Финска ја гради најголемата топлинска пумпа на светот за греење на околу 30.000 домови во Хелсинки. Топлинската пумпа која работи на принципот воздух – вода ќе виде поставена со цел да придонесе во декарбонизацијата на градскиот систем за далечинско греење. Топлинската пумпа може да работи на температури до – 20 степени Целзиусови и ќе се напојува со електрична енергија од обновливи извори. Се очекува постројката да биде пуштена во работа на крајот на 2026 година. Новата топлана во склоп на која ќе биде инсталирана топлинската пумпа ќе овозможи редукција на околу 26.000 тони емисии на јаглерод диоксид.