Во Финска започна со работа геотермалната топлана изградена од страна на финската компанија QHeat за локалниот снабдувач Vantaan Energiа во еден округ во близина на Хелсинки. Ова е прв пат геотермалната енергија да се користи во мрежата за далечинско греење во Финска. Постројката црпи топла вода од три бушотини длабоки околу 800 метри, чија температура е во опсегот од 80 до 100 степени Целзиусови.
Реализацијата на овој проект започнала во 2020 година, со државни субвенции во износ од 35% од вредноста на инвестицијата. Во последните години, Vantaan Energia извршила значајни вложувања во намалување на јаглеродниот отпечаток на далечинското греење, а целта на компанијата е да се обезбеди целокупната топлина во топлификационата мрежа да потекнува од обновливи извори на енергија. како дел од своите климатски цели, Vantaan Energia постепено ќе ги напушта фосилните горива во производството на енергија за што поскоро да оствари климатска неутралност пред 2030 година.