Финска и Eстонија работат на проектот за поврзување на нивните главни градови со изградба на подморски тунел. Тунелот, кој би чинел 13 милијарди евра, ќе ги поврзува Хелсинки и Талин кои се раздвоени со Балтичкото Море. Десет илјади Естонци патуваат во Хелсинки на работа, а многу фински туристи со задоволство го посетуваат Талин, еден од најубавите балтички градови. Двата града сега се поврзани со брзи траектни линии, а патувањето трае од два до два и пол часа. Со подземниот железнички тунел патувањето ќе се скрати на само 30 минути.
Хелсинки
„Хелсинки и Талин заедно сочинуваат економска зона со приближно еден и пол милион луѓе. Со цел целосно да се искористи тој потенцијал, сообраќајот меѓу двата града мора да биде полесен и побрз отколку што е сега“, се вели во соопштението од градските власти на Хелсинки.
Талин
Проектот е дел од спогодбата за унапредување на сообраќајната поврзаност на двете земји, потпишан на 5-ти јануари годинава. Планирана е и изградба на балтичка брза железница која ќе го поврзе Талин со Варшава до 2025 година.