Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Финишира процесот за продажба на „Алстом“

Финишира процесот за продажба на „Алстом“

FRANCE BUSINESS US ALSTOM SIEMENS GENERAL ELECTRIC
Компаниите „Сименс“ и „Мицубиши“ водат заеднички преговори за купување на француската енергетска компанија „Алстом“. Одлуката би требало да биде донесена на 16 јуни, се вели во заедничко соопштение на компаниите.

Според западни медиуми, „Мицубиши“ би презел делови од француската компанија во областа на електроенергетиката, а „Сименс“ операции во областа на гасните турбини. Американската фирма „Џенерал електрик“ претходно понуди за имотот на „Алстом“ 17 милијарди долари. „Алстом“ е еден од светските лидери во производството на опрема за енергетика и железнички транспорт. Енергетскиот сектор на „Алстом“ обезбедува 70 отсто од вкупните приходи на фирмата, кои се 23,8 милијарди евра. Компанијата има филијали во повеќе од 100 држави во светот.

Испрати коментар

Scroll To Top