Финалето на европското инженерско натпреварување „EBEC“, ќе се одржи од 1 до 10 август во Белград. Меѓу 6.500 студенти од инженерските струки, 120 кои ја минаа досегашната селекција, ќе ги претставуваат своите универзитети во натпреварот за титулата најдобри европски инженери.
Здружението на студенти по техника на Европа „BEST“ (Board of European Students of Technology) ги обединува студентите – волонтери од техничко-технолошки и природно-математички факултети на 95 универзитети во 33 земји ширум Европа.