Познатиот американски режисер-документариста Мајкл Мур на Јутјуб каналот го поставил својот нов филм „Планета на луѓе“ (Planet of the Humans), кој во тек на наредните 30 дена може да се гледа бесплатно.
Филмот „Планета на луѓе“, продуциран од Мајкл Мур, а режиран од неговиот соработник Џеф Гибс, посветен е на моменталната состојба на животната средина, но и на критики на еколошкото движење, кое според мислење на авторот, тргнало по погрешен пат и рано ја загубило битката, поради непромислени одлуки со катастрофални последици, и покрај тоа што намерите биле добри.
Тоа се однесува на пример на рекламирањето соларни панели и ветро-паркови како решение на проблемите со загадувањето, што резултирало корпорациите на Вол Стрит да станат финансиери на нивната кампања.
Погледнете го филмот додека сте во самоизолација и размислете за својот придонес во рушење на осетливиот еко-систем.