Филип Старк создал црвена коцка за сместување на фабриката за маслиново масло во ЛА Алмараза, музејот и ресторанот во Андалузија, украсени со симболи кои упатуваат на наследството на областа.
Опкружена со насади на имот од 25 хектари во близина на Рона, зградата е прроектирана за производителот на масло LA Organic, како дел од поширокиот проект за поттикнување на олеототуризмот – туризам базиран на производство на маслиново масло – во регионот.
Старк ја завршил инаку обичната зграда со големи симболи славејќи ја „магијата и поезијата“ на областа, вклучително и рог од бик од кортен челик и изрезбарено око што упатува на историската врска на областа со надреалистичкото движење.
„Самата ЛА Алмазара е опкружена со хектари маслинови градини, облеани во моќните и топли светла на Андалузија“, изјави Старк за Dezeen.
„Ова дава еден вид чувство на радикалноста што морав да ја смислам за проектот“, продолжи. „Сè мораше да биде невообичаено, необично, малку чудно и надреалистичко. Местото е полно со плодни изненадувања кои ги одразуваат андалузиските симболи“.
„Однадвор, тоа е огромен монолитен црвен блок, кој како да паднал од небо“, додаде Старк. „Огромното око на фасадата ја илустрира будноста на големите андалузиски надреалистички уметници, чадот што излегува од него е целосно надреалистички и ја одразува мистеријата“.
Ентериерот на ЛА Алмараза е проектиран како „уметничко дело за живеење“, продолжувајќи ги преголемите, скулптурални симболи кои се наоѓаат на екстериерот.
Областа на ресторанот се наоѓа под висечка метална цевка и инка што алудира на производство на масло и форма налик на крило која упатува на андалузискиот научник за кој се смета дека е првиот човек што летал.
Мал простор за седење околу каминот е поставен под голем меч за борба со бикови потпрен на ѕидот, додека рогот и полумаслиновите форми на надворешноста исто така се испакнати навнатре под голем мурал што го покрива целиот таван.
Овој простор се отвора на тераса која излегува од едната страна на зградата и изгледа како да е поддржана од големи метални синџири. Има поглед на пејзажот кој пружа драматичен контраст на мрачниот ентериер на ЛА Алмараза.
„Веднаш штом ќе влезете, ве запрепастува контрастот на светлата. Во зградата е темно и студено, за да се почитува и подобри деликатниот процес на производство на маслиново масло“, вели Старк.
„Сепак, внатрешните сенки исто така содржат силни симболи, како монументална полумаслинка вградена во ‘рѓосаниот челичен ѕид, метална цевка која продира во зградата без воопшто да излезе надвор“, додава.
Низ другите два ката од центарот има музејски простори и погони за производство на екстра девствено маслиново масло. Однадвор, зградата е опкружена со поширока програма на пешачки патеки, скулптури од Старк и други содржини за посетители.