Насловна / Ентериери / Филип Старк дизајнира проѕирна столна ламба за Flos

Филип Старк дизајнира проѕирна столна ламба за Flos

 

Bon Jour T е транспарентна ламба која создава необична атмосфера во просторијата во која е поставена.stolna-lamba-filip-stark_1

Славниот француски дизајнер Филип Старк за познатиот италијански производител Flos креира нова столна ламба користејќи иновативна комбинација на материјали: алуминиум, PMMA и ABS. Последните два материјали се вид на плексиглас со различни нивоа на транспарентност, кои кога се осветлени и даваат на столната ламба необичен светлечки ефект.stolna-lamba-filip-stark_3

Оваа необична столна ламба има вградена LED сијалица во врвот на ламбата, која свети рамномерно низ плексигласот.

Bon Jour T е достапен во пет различни бои, а висината е 41 сантиметри. Има вградена LED сијалица од 2700 K.stolna-lamba-filip-stark_4

Ламбата се продава по цена од 450 евра.stolna-lamba-filip-stark_5 stolna-lamba-filip-stark_2

Испрати коментар

Scroll To Top