Насловна / Архитектура / Филип Конески и Даница Спасевска, добитници на Големата годишна награда 2021 на ААМ

Филип Конески и Даница Спасевска, добитници на Големата годишна награда 2021 на ААМ

Вчера во Музејот на град Скопје Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ ја додели Големата годишна награда 2021 година (ГГН), за реализирано дело во тековната година од областа на архитектурата, која традиционално се организира под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

Наградата е доделена за објект „Детска градинка Волково“, Општина Ѓорче Петров, Скопје, дело на архитектите Филип Конески и Даница Спасевска.

IMG_20211224_195242

Свеченоста ја отвори претседателот на ААМ, Мишко Ралев, кој ги поздрави присутните, а претседателот на жирито за додела на наградата, архитект Дејан Секуловски во своето обраќање ја образложи работата на комисијата.

IMG_20211224_194438

IMG_20211224_195023

IMG_20211224_194850

1

Претседателот Стево Пендаровски го прогласи добитникот и свечено ја врачи наградата. Тој во своето обраќање напомена: „Македонските архитекти често се соочуваат и со дополнителни предизвици, со барањата на инвеститорите, со апетитите на урбаната мафија, или како што имавме ситуации во времето на едноумието, а и до пред некоја година, да треба да задоволуваат небулозни, идеолошко-политички барања, згора на тоа ја имаат и природната обврска да ја чуваат и усовршуваат македонската традиционална архитектура, затоа како заедница сме обврзани да придонесем за творечката слобода“.

Порта 3 им честита на Филип Конески и Даница Спасевска на оваа значајна награда.

IMG_20211224_194729

IMG_20211224_195151

IMG_20211224_194932

IMG_20211224_194649

2

3

6

5

4

фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top