Насловна / Вести / „Фијат“ од Србија со акција за рециклирање стари автомобили

„Фијат“ од Србија со акција за рециклирање стари автомобили

Recikliranje fiat SRB.

„Центарот за рециклажа“ од Белград соопшти дека во рамките на акцијата за рециклирање на автомобили во компанијата „Фијат Крајслер Автомобили“ се рециклирани над 700 возила. Како што е наведено, сите рециклирани возила се постари од 15 години и главно се од програмата на „Застава“. Освен физичи лица во акцијата учествувале и компании кои ја искористиле оваа можност за обнова на својот возен парк.

Recikliranje fiat srb1

Акцијата започнала во мај 2015-та, а сите заинтересирани можеле да го заменат своето старо возило за нов автомобил од марката „Фијат“, при што добивале попуст од 2.000 до 2.500 евра. Слична акција е покрената во 2009 година, а за три години постоење преку оваа акција се рециклирани над 13.000 возила.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top