Насловна / Вести / FIFA сепак ја измамила јавноста: Светското првенство во Катар не било јаглеродно неутрално

FIFA сепак ја измамила јавноста: Светското првенство во Катар не било јаглеродно неутрално

FIFA минатата година објави дека јаглеродниот отпечаток на фудбалското првенство во Катар изнесувало 3,6 милиони тони, тврдејќи дека таа количина  е неутрализирана преку проектите во областа на е-мобилноста и зеленилото околу стадионите. Но, швајцарската Комисија за лојалност, утврдила дека оваа организација ги прекршила прописите за сузбивање на нелојалната конкуренција изнесувајќи тврдења за првенството кои никој не може да ги докаже. Покрај тоа, заклучено е дека мерките за компензација кои ги презела FIFA, не се во согласност со стандардите пропишани со домашните закони.

fifa1

Комисијата чие седиште е во Цирих, и издала препорака на FIFA во иднина да не изнесува такви тврдења. Ја предупредила да се воздржи од тврдења дека се постигнати целите за одржливост, се додека нема дефинирани и општо прифатени методи за нивно мерење, односно докази дека тие мерки се имплементирани. Од своја страна пак, FIFA соопштила дека ги анализира причините поради кои ја добила оваа препорака од Комисијата и не ја исклучува можноста да поднесе жалба.

fifa2

FIFA го промовираше Светското првенство во Катар како прво кое во целост е климатски неутрално. Следуваа жалби на ова тврдење од пет земји: Швајцарија, Франција, Белгија, Велика Британија и Холандија. Притоа е изразена загриженост поради изградбата на климатизирани стадиони, потоа големиот број навивачи и последиците по животната средина. “Откриено е дека FIFA користи лажни тврдења како замена за вистинска климатска акција. Некои од најголемите климатски виновници и натаму го користат спортот како џиновски билборд за промовирање на производи и животни стилови кои загадуваат, загрозувајќи ја безбедноста на спортистите, навивачите и самиот спорт. Време е спортот и неговите управувачки тела како што е FIFA, да ја искористат својата моќ и позиција и да ја забрзаат нискојаглеродната транзиција наместо да ја одложуваат и да ја дезинформираат јавноста во тој процес“, рекол Ендру Симс, директор на експертската организација New Weather Institute од Велика Британија.

Испрати коментар

Scroll To Top