Компанијата FIAT го претстави својот нов концепт 500e Gelateria Edition, кој е инспириран од старите комби возила за сладолед. Произведен е во Велика Британија, како одржлива варијанта на споменатите комби возила кои главно се потпираат на дизел мотори и се веќе забранети во градските подрачја. Симпатичниот концепт се базира на моделот 500e Convertible и нема седиште за совозач и задно седиште. Овој простор го заземаат два фрижидери за сладолед, како и друга потребна опрема. Автомобилот има и мала тенда. Каросеријата е лакирана во две бои, потсетувајќи на духот на класичните италијански продавници за сладолед од педесетите години на минатиот век.