Градскиот парк викендов беше место каде можеше да се ужива во прекрасните бои на цвеќето. На едно место беа собрани македонските производители и одгледувачи на цвеќе и вистинските експерти од оваа област. Покрај презентациите на компаниите беа одржани и креативни работилници за најмладите. Уживајте во фотографиите од овој настан кој е вистинско освежување за градот и се надеваме дека ќе стане традиција!