Оваа година, Фестивалот на светлината во Лион бил пропратен со фасцинантна светлосна инсталација составена од огромни сијалици. Се работи за инсталација на уметникот Severine Fontaine и брендот „Филипс“, наречена Incandescence.
Поставена на бреговите на реката Рона, оваа инсталација се протегала на 80 метри и комуницирала со пораката за важноста на светлината во човековиот развој. Со големина на фудбалско игралиште, за нејзиното формирање било потребно шест години континуирано работење. Девет осветлени куполи во облик на огромни сијалици пренесувале светлинска претстава во должина од шест минута, која го истражува односот на човекот и светлината и ефектите што светлината ги има врз човековиот развој. Уметникот Severine Fontaine по повод настанот изјавил: „Филипс технологијата ми дозволи да ги истражувам емоциите преку креирање на светлина на најделикатен можен начин… “.