Меѓународниот фестивал на мразот и снегот во Харбин, Кина, се одржува секоја година и е најголем фестивал од ваков вид на светот. Оваа година, 37-мото издание по ред е насловено „Волшебниот Харбин“. Отворен е на 5-ти јануари 2021 година, и се состои од четири тематски паркови. Снежните лавиринти, кристалните кугли и ледените кули кои ги менуваат боите, го привлекуваат вниманието на посетителите во Харбин. Сите посетители мораат да покажат “здравствен код“ на посебно направена апликација, а задолжително е почитувањето на строги епидемиолошки мерки.