Насловна / Архитектура / Festina Lente – нов заштитен знак на Сараево

Festina Lente – нов заштитен знак на Сараево

нов сараевскимост_4

Аднан Алагиќ, Бојан Канлиќ и Амила Хрустиќ смислиле интересен и невообичаен мост именуван Festina Lente што поминува преку реката Миљацка во Сараево. Festina Lente (лат. „побрзај полека“) значи лесен, вешт и флексибилен контакт меѓу сите предмети и сите мисловни суштества. Основната идеја на мостот е спој на профаното и духовното, односно воспоставување на рамнотежа помеѓу левата и десната страна. Преминот на мостот претставува уникатно искуство, како заради својот специфичен изглед, така и заради погледот на кој наидуваме кога се минува низ „портата“ (затворениот дел од мостот). На тој начин, се подготвува минувачот да влезе во друга димензија, и му ја буди духовноста. Технолошката иновативност на решавање на формата на мостот и современиот дизајн сочинуваат целина која станува бренд на Сараево.

нов сараевскимост_1

нов сараевскимост_3

нов сараевскимост_2

Јавниот конкурс за изградба на пешачкиот мост е распишан во 2007 година, и по пет години авторите на мостот ја дочекаа изградбата на мост. Структурата е направена од челик со алуминиумско обложување и стаклена ограда, а мостот создава вистински genius loci соодветен на просторот во предниот дел на храмот, како што е Академијата за ликовни уметности. Објектот на поранешната црква, денес Академија за ликовни уметности, започната е во времето на Виенската сецесија. Се работи за градба во стилот на базилика со купола, византиски ентериер и романичка фасада. Подоцна бил надограден и современиот дел од стакло.

нов сараевскимост_7

нов сараевскимост_6

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top