Фестивалот Automobile International, уште од 1987 година ја доделува наградата за „најубави и најмодерни автомобилски проекти нa годината“, во различни категории, а најпрестижното одличје овој пат му припадна на брендот Ferrari. Станува збор за фантастичниот Ferrari Dаytona SP3, кој е прогласен за најубав супер автомобил на годината. Правилата налагаат сите кандидати во оваа категорија да бидат поскапи од 60.000 евра. Шефот на дизајн во Ferrari, Флавио Манцони е исто така награден за своето влијание и креативна работа во автомобилскиот сектор.
Во категоријата за најубав хипер автомобил, наградата ја доби Peugeot со својот 9X8, кој ќе дебитира на FIA World Endurance Championship (WEC) оваа година. И покрај елегантниот и агресивен изглед, 9X8 останува верен на дизајнерскиот јазик на брендот, благодарение на светлата во облик на канџи и уште некои детали. Сестринскиот бренд на Peugeot, DS доби награда во категоријата најубави автомобили поевтини од 60.000 евра, со својот DS4 premium crossover.