Насловна / Вести / Ferhman Belt: Најдолгиот патен и железнички тунел на светот

Ferhman Belt: Најдолгиот патен и железнички тунел на светот

Новиот тунел Fehrman Belt, кој ги поврзува Германија и Данска, поставува нови рекорди како најдолг и најдлабок комбиниран патен и железнички тунел на светот. Кога ќе биде завршен, патувањето помеѓу  Rødbyhavn и Puttgarden, ќе трае само десет минути со автомобил и седум минути со воз, преку тунелот долг 18km. Тоа е многу пократко од досегашната опција со траект која трае 45 минути.

ферхман1

ферхман2

Овој потфат не само што ќе го скрати времето за патување, туку и ќе ги зајакне врските помеѓу Скандинавија и Централна Европа, ќе создаде еколошки поприфатлива сообраќајна врска и ќе го поттикне развојот на железничкиот сообраќај. Цената од 10 милијарди евра е оправдана со бројните предности кои овој проект ги носи. Тунелот се состои од две железнички пруги и автопат, а предвиден е и сервисен пат. Тунелот овозможува патувањето со воз од Хамбург до Копенхаген да трае само два часа, масето досегашните четири и пол часа.

ферхман3

ферхман4

Идејата з аовој тунел датира од 2008 година, но работите отпочнуваат дури во 2020 година. По завршување на сите тестирања, планирано е тунелот ад се пушти во сообраќај во 2029 година. Но, постојат и критичари на овој проект кои се сомневаат во неговата одржливост. Имено, одредени еколошки организации веќе изразија загриженост за можни оштетувања на морското дно и океанот.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top