Уште еден импресивен проект со препознатлив потпис на хрватското архитектонско студио Lotus Architecti. Овој пат се работи за проектот за семејна куќа над Загреб. Модерна вила која може да се пофали со спектакуларен поглед на градот, но исто така и со прекрасен базен. Покрај тоа што има два ката, куќата воглавно е „обвиткана“ со стаклени ѕидови, што е и очекуван потег, бидејќи се наоѓа изолирано, а во исто време придонесуваат за поголема количина на природна светлина во ентериерот.
И додека долниот кат е наменет за семејно и пријателско дружење, каде што се дневната соба, трпезаријата и кујната со продолжен тракт на терасата со базен, горниот кат е оној интимниот со спални соби. Ова е проект во кој во потполност се водело сметка за самата градина и околината, со што е добиено една компактна целина. Инвеститорите барале модерен минимализам со акцент на доза на луксуз и го добиле.
Во секој случај, проектот е навистина импресивен, и за ова се заслужни двете дами, дизајнерскиот архитектонски тим составен од Маја Бручиќ и Ивана Позаиќ, под заедничко име Lotus Architecti.