Насловна / Екологија / „Фени Индустри” ќе ги исполни сите барања за заштита на животната средина

„Фени Индустри” ќе ги исполни сите барања за заштита на животната средина

Feni
До крајниот рок во април 2014 година, индустрискиот капацитет „Фени Индустри“ ќе ги исполни барањата за задолжителните еколошки стандарди. Денеска во посета на овој објект беше делегација на Министерството за животна средина и просторно планирање, каде се разговараше за мерките кои се преземат во „Фени Индустри“  за заштита на животната средина.

Пред министерот Абдилаќим Адеми,  раководството на компанијата  презентираше до каде е спроведен Оперативниот план за усогласување со одребите за добивање на А -Интегрирана дозвола.Информираа дека 16 од потребните 18 точки од Оперативниот план се реализирани, па оттука во бараниот рок ќе ги исполнат задолжителните еколошки стандарди. „Фени Индустри“ е првата македонска  компанија која аплицирала за А-Интегрирана еколошка дозвола уште во 2005 година.

Извор: Фактор

Испрати коментар

Scroll To Top