Насловна / Вести / Фенг шуи техники за уредување на вашата домашна канцеларија

Фенг шуи техники за уредување на вашата домашна канцеларија

Една од најтешките задачи во креирањето на позитивна работна средина во домашна атмосфера, е да се создаде простор естетски префинет, продуктивен и ослободен од сè она што одзема внимание. Благодарение на развојот на технологијата и Интернетот, во последните неколку години домашните канцеларии стануваат сè поголем хит во ентериерното уредување. Со помош на древната техника фенг шуи лесно може да се трансформира неорганизираниот простор во функционална работна средина.

канцеларијa-1

1. Секогаш бидете ориентирани кон вратата

Еден од базичните принципи е вашето работно биро секогаш да биде ориентирано кон влезната врата во просторијата, а со тоа ја избегнувате негативноста и несигурноста што се предизвикува кога бирото е ориентирано обратно.

Канцеларијаа-2

2. Балансирајте ги темните и светлите тонови

Идејата е да се создаде баланс помеѓу светлите и темните тонови на употребените бои кај ѕидовите и мебелот. Пожелно е да не се употребува белата боја како основна, бидејќи предизвикува чувство на досадност. Наспроти тоа употребете црвена, зелена или жолта боја со цел да добиете поголема енергија во просторот и истото комбинирајте го со текстури како метал, стакло, дрво или камен за да создадете симболичен баланс на елементите во просторијата.

канцеларија-33. Креирајте централна точка

Обидете се да создадете една централна точка во просторијата околу која ќе се организира целата позитивна енергија.  Тоа може да биде работното биро или кој било друг елемент по ваш избор, а со тоа ќе го избегнете непотребното „расфрлање“ на позитивната енергија.

канцеларија-44. Имајте силна заднина

Покрај вашата првична ориентација кон влезната врата, обидете се зад вашиот грб да се наоѓа ѕид или ќош, што во фенг шуи значи поддршка и сигурност. Доколку зад вас се наоѓа огромен прозорец, тоа ќе придонесе за губење на енергијата.

канцеларија-55. Природна дневна светлина

Најзначајниот елемент во домашните канцеларии е дневната светлина, бидејќи таа игра најголема улога во креирање на позитивен амбиент во просторијата. Не ги покривајте прозорците со темни завеси, туку овозможете добра вентилација и светлина.

канцеларија-66. Зеленилото како додаток

Современите работни простории претставуваат високо електромагнетно поле и простор на негативна енергија, а најлесниот начин за нивно спречување е додавање на зеленило во вашата канцеларија. Тоа може да биде некоја мала саксија со цвеќе или растение по ваш избор, со што ќе пидонесете јин и јанг енергијата да се балансираат совршено.

канцеларија-77. Ориентација и погледи

Доколку работите на лап топ, ориентирајте го северно или западно, потоа потрудете се да немате отворено две врати истовремено, избегнете поглед од долги коридори, тоалети, лифтови или стоваришта од местото каде што седите. Поставете некој елемент во првиот ќош со којшто се сретнувате при влез во просторијата, не го оставајте празен.

канцеларија-88. Додадете огледала и фотографии

Едно од најпозитивните нешта во домашните канцеларии е присуството на огледала. На пример, доколку сте приморани да седите свртени со грб кон влезната врата, тогаш користете огледала во кои таа ќе се рефлектира. Исто така додадете фотографии кои ве потсетуваат на среќни моменти.

канцеларија-99. Избегнете го нередот

Една од најважните точки е избегнувањето на нередот во работната просторија. Освен негативност во работењето, нередот ќе придонесе за неефикасност и лош изглед, па поради тоа погрижете се за добра организација на работите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top