Куќата „Фенди“ официјално ќе остави траен белег во визурата на градот од каде што потекнува. Имено, познатиот италијански бренд одлучил да го купи уметничкото дело Foglie di Pietra, направено од италијанскиот современ скулптор Guiseppe Penone и да го даде на користење на Рим. Оваа импресивна инсталација се наоѓа точно во предниот дел на главната и најголема продавница на овој бренд, во близина на Шпанските скали.
Кустосот Massimiliano Gioni за WWD изјави дека оваа инсталација изгледа многу хармонично и природно, но во нејзиното создавање е инвестирано исклучително многу напор. Guiseppe Penone е автор кој во својата работа нуди прогресија, но и поврзување на делата со историскиот контекст на одредена средина. Овој гест на „Фенди“ е дел од една поширока иницијатива која има за цел да ја збогати културната понуда на градот.
Имено, под поимот „уметност во градот Рим“ генерално сите подразбираат постари дела, но подеднакво интересни дела се реализираат и денес.