Популарната социјална мрежа „Фејсбук“ најави дека наскоро ќе биде пуштена нова апликација – месинџер за деца на возраст од 6 до 12 години, со која ќе се обезбеди поголема безбеднст на малолетниците на интернет. Апликацијата, која најпрвин ќе биде лансирана во САД, ќе им озвоможи на родителите да контролираат со кого комуницираат нивните деца и какви содржини споделуваат.
Децата ќе можат да го користат месинџерот за комуницирање со врсници, видеоповици и за праќање анимирани содржини. Од компанијата велат дека рекламите нема да бидат дозволени, како ни споделување податоци на децата на главниот сајт – „Фејсбук“. Новата апликација ќе биде внимателно програмирана со цел да ги заштити децата од непристојни содржини.
„Безбедноста на децата е наша најголема грижа, поради тоа само родителите ќе можат да контролираат и да одобрат со кого комуницираат нивните деца на месинџер“, вели преставничката на „Фејсбук“, Лоредана Крисан. Компанијата, пред да го лансира месинџерот, се консултирала со групи родители и организации кои се специјализирани за безбедноста на децата на интернет.