Насловна / Вести / FedEx следната година ќе почне да тестира автономни дронови за пратки до 227kg

FedEx следната година ќе почне да тестира автономни дронови за пратки до 227kg

Компанијата FedEx планира во 2023 година да започне со тестирање на автономниот дрон за пратки тешки до 227 kg. Планот на компанијата е да тестира различни методи на транспорт на стока помеѓу депоата, а со тоа значително би се забрзал процесот на достава. FedEx се здружила со компанијата Elroy Air која развива товарен дрон со вертикално полетување и слетување, а неговата задача е да ги транспортира пратките помеѓу центрите за сортирање.

drone1

Elroy Air го претстави дронот Chaparral C1 во јануари, а компанијата тврди дека неговиот хибридно – електричен систем овозможува домет од 483 километри.  Овој дрон може да носи товар до 227 килограми, па FedEx ќе мора да ги има во голем број доколку со нив сака да ги замени авионите. Дронот поседува 12 електрични мотори и 12 пропелери.  На дронот Chaparral C1 не му треба специфична инфраструктура како на пример аеродром или специјални станици за полнење, а FedEx ги воведува со цел неговите операции да бидат јаглеродно неутрални до 2040 година. Споменатите компании соработуваат подолго од две години и работат на добивање на сертификат со цел комерцијална употреба на дронот. Доколку се помине според планот, пробните летови ќе започнат во 2023 година во Форт Ворт во Тексас. Автономните летови би овозможиле транспортирање на пратките кое ќе биде многу поефикасно од патниот сообраќај. Chaparrel C1 во моментот е во предпродукциска фаза, а неговата брзина засега не е позната.

drone2

Испрати коментар

Scroll To Top