Насловна / Арт и дизајн / Федерико Бабина: Во животот е важно да се поседува страста

Федерико Бабина: Во животот е важно да се поседува страста

Федерико Бабина е италијански архитект и дизајнер. Роден е во Болоња, Италија, но живее и работи во Барселона. Во Барселона живеат голем број Италијанци привлечени во овој град од различни причини. Бабина заминал како турист, се заљубил во Каталонија и решил да остане таму. 02_ARCHIDIRECTOR_george lucas

Светлината и сенките на Болоња и на Барселона се дел од неговата креативна имагинација. Бабина верува во луѓето, не во нивните матични земји. Во светот постојат љубопитни луѓе кои одат по фасцинантни патишта, без оглед на местото и времето. Кога си љубопитен сакаш да откриваш и истражуваш различни патишта.02_ARCHIDIRECTOR_george lucas

„Во животот е важно да се поседува страста“, вели Бабина. Тој е заљубен во архитектурата, која за него е екстровертна и порозна. Како архитект треба да имаш амбиција и страст, што ти помага да ги истражуваш сите форми на изразување за да ја постигнеш целта. Кога ќе се соочиш со предизвици и пречки, на треба да застанеш и да речеш „Јас не го можам тоа!“ Ризиците се дел од играта и тие се вклучени во сцената за подготовка на секој објект.federiko babina ilustracii (14)

Архитектурата, всушност, се луѓето. Таа е направена од нив и за нив. Бабина се преселил во Шпанија затоа што нејзината демократија произлегла од диктатурата што беше соборена кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век. Ентузијазмот на земја ослободена од диктатура донел многу енергија и нови идеи кои поттикнале многу млади и способни луѓе да се фатат во костец со предизвиците што ги нудело новото време. Од друга страна, Италија имала поконзервативен и статичен пристап. Тоа била една од причините заради која Бабина решил да остане и работи во Шпанија. Убаво е кога архитектурата е во можност да разбуди прекрасни и неочекувани чувства кај луѓето. federiko babina ilustracii (15)

Архитектите мора да бидат способни да комуницираат, да зборуваат гласно, но пред да го сторат тоа треба да знаат да ја слушаат тишината. Убаво е кога во архитектурата пронаоѓаш паралелни универзуми, да бараш алтернативни јазици на изразување. Архитектурата не би требало да биде само протагонист. Како архитекти треба да сме фасцинирани од идејата за откривање на бесконечни односи меѓу архитектурата и светото што не опкружува. Креативноста кај архитектите и воопшто луѓето што се занимаваат со уметност, е неопходен елемент. „Кога бев дете“, вели Бабини „една од моите омилени игри беше да ја ставaм главата помеѓу нозете и да го гледам светот наопаку“. federiko babina ilustracii (13)

Креативниот живот за него изгледа како оваа детска игра. Кога ќе погледнеш на работите, па дури и оние наједноставните, од поинаква перспектива, можеш да откриеш најразлични нијанси. Во секого од нас некаде е останат дел од детството, дел каде што сè уште живее играта и каде се прават експерименти. Сепак, не треба да се заборави дека во сите проекти што ги прави човекот, природата е главниот лик.federiko babina ilustracii (9)

Бабина има направено многу илустрации. Ви ја прикажуваме неговата имагинарна архитектура на куќи за познати режисери. Си замислува каква куќа би му одговарала на некој од познатите светски режисери на филмови и прави серија на илустрации со наслов Archidirector. Режисерите се оние луѓе кои градат приказни и гледачите ги носат во еден поинаков свет. Секој од нив е со свој стил, јазик и естетика. Нè внесуваат со своите филмски приказни во места во кои остануваме за времетраење на филмот. Бабина за оваа серија има илустрирано 27 имагинарни куќи, посветени на познати филмски режисери од Вес Андерсон до Стенли Кјубрик. federiko babina ilustracii (8)

Секоја илустрација за овие куќи е со различна естетика и стил, и тој се трудел да го долови карактерот на режисерот и да навести дел од неговиот филмски опус во овие цртежи. Одредени карактеристични елементи од филмскиот јазик на режисерот, тој ги транспонира и трансформира во архитектонски геометрии. Секој режисер, слично на архитектите, во своето дело внесува детали со кои гради уникатен и препознатлив стил, секој остава свој отпечаток.02_ARCHIDIRECTOR_george lucas

Бабина ужива во своето уметничко изразување не заборавајќи ја неговата страст за архитектурата. Неговата претходна серија наречена Archipixel, доби големо внимание во јавноста со својот осум-битен опис на светски познатите архитекти и на нивната работа.federiko babina ilustracii (6) federiko babina ilustracii (5) federiko babina ilustracii (4) federiko babina ilustracii (3) federiko babina ilustracii (2) federiko babina ilustracii (1)

Испрати коментар

Scroll To Top